Јапонија: Кинеското кршење на јапонскиот воздушен простор е неприфатливо

Сподели со своите пријатели

Портпаролот на јапонската влада Јошимаса Хајаши изјави дека кршењето на јапонскиот воздушен простор од страна на кинески воен авион е целосно неприфатливо.

Loading...

„Повреда на воздушниот простор не е само сериозно кршење на јапонскиот суверенитет, туку и ја загрозува нашата безбедност“, рече Хајаши еден ден откако Јапонија соопшти дека кинески воен авион го нарушил јапонскиот воздушен простор, а на претставник на кинеската амбасада во Токио му беше упатен протест.

Тој одби да ги коментира деталите од дипломатските разговори меѓу Токио и Пекинг.

Кинеското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека надлежните служби во Кина се уште разјаснуваат што се случило.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Научниците откриваат што ги предизвика историските пожари во Лос Анџелес

„Двете страни ја одржуваа комуникацијата преку постоечките работни канали“, рече портпаролот на министерството Лин Џијан на прес-конференција, пренесува Танјуг.

Тој посочи дека Кина нема намера да го нападне воздушниот простор на која било земја.

Јапонија во понеделникот соопшти дека кинески извидувачки авион Y-9 летал околу две минути над островот Данџо во југозападната јапонска префектура Нагасаки во Источното Кинеско Море, што е, како што рече, првото нарушување на јапонскиот воздушен простор од страна на кинеската војска.

Се посочува дека како одговор припадници на јапонското воздухопловство се качиле во борбени авиони за да го предупредат кинескиот авион, пренесе агенцијата Кјодо.

Loading...