Саливан пристигна во Кина, можна средба меѓу Си и Бајден наскоро

Сподели со своите пријатели

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан денеска пристигна во посета на Кина, при што ќе разговара за билатералните односи со претставниците на земјата.

Loading...

По слетувањето, Саливан беше пречекан од началникот на дивизијата за Северна Америка и Океани при кинеското Министерство за надворешни работи, Јанг Тао, и американскиот амбасадор во Кина, Николас Барнс.

Саливан ќе биде во Кина до четврток и ќе разговара со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји, според АП.

Се очекува Саливан и Ји да разговараат за потенцијалната средба меѓу американскиот претседател Џозеф Бајден и кинескиот претседател Си Џинпинг подоцна оваа година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американските власти ги забранија летовите над Хаити по инцидентот со Spirit Airlines и JetBlue

Целта на неговата посета е, според американската агенција, „да се одржи комуникацијата која беше прекината во поголемиот дел од 2022 и 2023 година.

Се наведува дека не се очекуваат поопширни најави од средбата на официјалните лица.

Тоа ќе биде прв разговор меѓу двајцата официјални лица во Пекинг, а претходно се сретнаа во Виена, Малта и Тајланд.

Како што објави Аксиос на 23 август, посетата на Саливан доаѓа во време кога во САД претседателската кандидатка на Демократската партија Камала Харис и републиканскиот кандидат Доналд Трамп зазедоа остри ставови кон Кина, особено по прашањето за царините.ж

Loading...

Саливан беше главниот човек на Бајден за често ненајавените разговори со Ји за да се обидат да ги решат продлабочените разлики меѓу Вашингтон и Пекинг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шефот на МААЕ: Нуклеарните објекти во Иран не смеат да бидат нападнати