Народната банка на Кина (PBoC) одлучи да ја задржи едногодишната каматна стапка (LPR) на 3,35, а петгодишната каматна стапка, која е поврзана со повеќето хипотеки, на 3,85 проценти.
И двете каматни стапки остануваат на историски најниски.
Одлуката се очекува бидејќи би било прерано повторно да се намалат каматните стапки во Кина веднаш по намалувањето во јуни за 10 базични поени, изјави Беки Лиу, директорка на Одделот за макростратегија на Кина во британската банка Стандард Чартерд.
Сепак, таа не ја исклучи можноста Народната банка на Кина дополнително да ги намали каматните стапки во третиот квартал од оваа година, пренесува Bloomberg.
Економија во Кина се зголеми за пет отсто на годишно ниво во првата половина на 2024 година, според неодамна објавените податоци од Кинеското Национално биро за статистика (НБС).
Вредноста на кинескиот БДП од јануари до јуни оваа година достигна околу 61,68 билиони јуани, што е приближно 7,94 трилиони евра.
Во вториот квартал од 2024 година кинеската економија порасна за 4,7 отсто во споредба со истиот квартал минатата година.
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во својата јулска прогноза објави дека кинеската економија ќе порасне за пет проценти во 2024 година и ќе забави до 4,5 проценти следната година.