Сите олимпијци добија нови телефони како подарок, освен Севернокорејците

Сподели со своите пријатели

Учесниците на Олимписките игри во Париз добиваат многу подароци од спонзори, а еден привлече посебно внимание.

Loading...

Samsung како спонзор на OI ги подарува најновите телефони на сите учесници.

Сепак, официјални лица во Јужна Кореја (од каде што е Samsung) рекоа дека доколку овие телефони им бидат подарени на севернокорејски олимпијци, тие ќе ги прекршат санкциите на Советот за безбедност на ОН наметнати на Северна Кореја.

Меѓународниот олимписки комитет потврди дека телефоните биле испратени во олимпиското село, но подоцна соопшти дека севернокорејските спортисти не ги добиле.

Засега не е јасно каде всушност завршиле телефоните.

Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја соопшти дека паметните телефони се меѓу производите забранети со Резолуцијата 2397 на Советот за безбедност, усвоена во 2017 година, која забранува снабдување на каква било „индустриска машинерија“ за Северна Кореја.

Резолуцијата не прави разлика меѓу владата на Северна Кореја и нејзиниот народ, а јужнокорејските власти јасно ставија до знаење дека паметните телефони ќе бидат забранети без разлика како влегуваат во земјата.

Портпаролот на јужнокорејското Министерство за надворешни работи, Ли Јаевонг, рече дека би било „клучно да се забрани влезот на овие предмети во Северна Кореја“.

Loading...

Тој рече дека владата во Сеул прави „неопходни дипломатски напори“ за да се осигура дека ги почитува санкциите, но одби да елаборира.