Тајани и Хусеин разговарале за тензиите на Блискиот Исток

Сподели со своите пријатели

Министерот за надворешни работи на Италија, Антонио Тајани, денеска разговарал со министерот за надворешни работи на Ирак, Фуад Хусеин за растечките тензии на Блискиот Исток и како тие негативно влијаат на целиот регион.

Loading...

По тој повод, Италија и Ирак ја повторија својата посветеност да се вклучат во сите неопходни напори за спречување на регионалната ескалација и ги повикаа инволвираните страни на дијалог и да вложат дипломатски напори за намалување на тензиите за да се овозможи траен прекин на огнот во Газа, пренесува Анса.

Според извештаите, двајцата министри, исто така, се договориле да останат во близок контакт до „Медитеранските дијалози“ кои треба да се одржат во ноември во Рим.