Кац: Ердоган оди по патот на Садам Хусеин, нека се сети како тоа заврши

Сподели со своите пријатели

Израелскиот министер за надворешни работи, Израел Кац, одговарајќи на заканата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека Турција може да го нападне Израел, го спореди турскиот претседател со поранешниот ирачки лидер Садам Хусеин.

Loading...

„Ердоган оди по патот на Садам Хусеин и се заканува дека ќе го нападне Израел. Треба само да се сети што се случи таму и како заврши“, напиша Кац на платформата Х (Твитер), објави „Тајмс оф Израел“.

Режимот на Садам беше соборен со инвазија предводена од САД во 2003 година, а ирачкиот суд го погуби откако беше фатен и суден, пишува израелскиот портал.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија го осудува „нападот без преседан“ врз Либан и повикува на темелна истрага

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се закани дека Турција би можела да влезе во Израел за да им даде поддршка на Палестинците, иако не прецизираше за каква интервенција станува збор, објави Ројтерс.

„Мораме да бидеме многу силни за Израел да не може да и ги прави овие работи на Палестина“, рече Ердоган на состанокот на огранокот на владејачката Партија на правдата и развојот во провинцијата Ризе, во неговиот роден град, објави Хуриет.

Според него, како што Турција влезе во Нагорно Карабах, како што влезе во Либија, истото може да му го направи и на Израел.

„Нема ништо што не можеме да направиме. Треба само да бидеме силни“, рече Ердоган.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Либан: Две деца меѓу 12 загинати како резултат на експлозиите на пејџери

Турција е членка на НАТО, чии членки се САД, Канада, Велика Британија, Германија и други блиски израелски сојузници, пишува Тајмс оф Израел.

Loading...