Британец се скарал со сопругата на одмор, па му се изгубила секаква трага: Телото пронајдено во црква

Сподели со своите пријатели

Во неделата, жителите на северното село Лас Салас забележале неподнослива миризба како се шири од црквата на улиците.

Loading...

Повикале полиција, а потоа дошло до грозоморно откритие – во камбанаријата на црквата пронашле тело, а најверојатно се работи за исчезнат британски турист, пренесува Феникс.

Градоначалникот на општината Мануел Валбуена изјави дека телото допрва треба да се идентификува, но дека се укажува дека се работи за Британец.

Стивен Б., наводно, исчезнал на 11 јули по расправија со неговата сопруга.

Бил лут, ја оставил сопругата во гаража и ги фрлил личните работи. Поради околностите на неговото исчезнување, полицијата веднаш реагирала.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Драма на летот: Патници се гушеa во авион, бараа итно слетување! (ВИДЕО)

Следувала потрага меѓу другото, и од планинската спасувачка служба.Како што објави Дејли Мејл – Стивен сакал планинарење.

Сепак, телото било пронајдено по дојава од локален жител кој се пожалил на мирис што доаѓа од правец на црква во Лас Салас, Шпанија.

Според првичните информации, истражителите не веруваат дека Стивен бил жртва на кривично дело.

Loading...

Обдукцијата ќе ја утврди точната причина за смртта.

Засега околностите на смртта на исчезнатиот Британец се мистерија дури и за полицијата.