Полицијата трага по лицата кои пукаа огномет ноќва во Куманово

Сподели со своите пријатели

Огномет од повеќе локации вчеравечер точно на полноќ синхронизирано беше испукан во централното градско подрачје на Куманово.

Loading...

Кој и зошто пукал не е познато, но вознемирани граѓани пријавиле во полиција.

Од Секторот за внатрешни работи Куманово велат дека трагаат по сторителите.

– На 23.07.2024 во период од 00.00 до 00.10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на три локации во Куманово имало огномети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.

Инаку во Куманово деновиве владее хаос и безредие во однесувањето на граѓаните и повратниците од дијаспората.

Никола Ивановски