Илон Маск изјави дека планира да дава 45 милиони долари месечно на комисијата што ќе ја води кампањата за изборот на Доналд Трамп, почнувајќи од јули, пишува Wall Street Journal.
Технолошкиот милијардер, кој го поддржа Трамп пред два дена, веќе го донираше она што беше опишано како „значителна сума“, иако вистинската сума на донацијата нема да биде откриена во документите за кампањата до 15 јули, пишува Блумберг.
Извештаите на двате новински куќи за донациите на Маск се потпираат на изјави на неименувани луѓе запознаени со плановите на технолошкиот милијардер, кој, со проценета нето вредност од 252 милијарди долари, е еден од најбогатите луѓе во светот.
Ако Маск продолжи со донација од оваа големина, тоа би било „извонредна сума“, објави Волстрит журнал.
Маск во март изјави дека нема да донира на ниту еден кандидат за претседател на САД.