Loading...
Судот во Москва донесе одлука за апсење во отсуство на Јулија Навалнаја, сопругата на Алексеј Навални, поради поврзаност со екстремистички организации, пренесе денеска „РИА Новости“.
„Судот одреди мерка притвор од 2 месеци. Овој период ќе се смета од моментот на екстрадиција на територијата на Руската Федерација или од моментот кога е приведена на територијата на Руската Федерација“, открил извор од прес-службата на судот, додавајќи дека таа се бара бидејќи се сокрила од прелиминарната истрага.
Јулија Навалнаја е обвинета за учество во екстремистичка заедница, а членот од кривичниот законик со кој е поврзана предвидува затворска казна од две до шест години, пренесува РТ Балкан.