Децата од фудбалската школа на ФК Кумановa родени во 2012 година станаа шампиони во Детската лига (ДЛ) на Фудбалската федерација на Македонија.
Тие го совладаа Скупи во финалето одиграно на тренинг-центарот на ФФМ.
Успехот го остварија под водство на тренерот Исмет Зеќири.
Генерацијата 2012 на фудбалскиот клуб Кумановa годинава направи исчекор со освојувањето на трофејот во натпреварувањето во кое лани беше вицешампион.
Во рамки на финалниот турнир од ДЛ на ФФМ годинава учествуваа најуспешните 96 екипи од Македонија поделени во шест натпреварувачки категории (генерации од 2011 – 2016).
Во годинешното издание на ДЛ вкупно 149 клубови и 649 екипи со 10 илјади млади фудбалери кои имаа можност да се натпреваруваат секоја недела во рамките на своите региони.