Вкупно 93.364 граѓани на Куманово утре ќе имаат право на глас на седмите претседателски избори во Македонија.
Loading...
На вкупно 167 избирачки места утре ќе се спроведе првиот круг од претседателските избори, информираше Елизабета Стојковска, од Општинска изборна комисија Куманово.
Денеска во Куманово право на глас имаат 180 болни и немоќни лица, а гласање се одвива и во Затвор Куманово каде ќе гласаат 159 затвореници од 41 општина од целата држава.
Инаку, најголемо избирачко место во Куманово е 1051, односно во населбата Зелен рид со 1.274 гласачи а најмало по број на гласачи е избирачко место 1093 каде гласаат 9 гласачи и истото се наоѓа во село Винце.
Никола Ивановски