Вдовицата на Алексеј Навални ангажирала телохранител: Не се плашам, но…

Сподели со своите пријатели

Јулија Навалнаја, вдовицата на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални, кој во февруари годинава почина во затворот „Поларниот волк“ на крајниот север на Русија, денеска изјави дека по нападот на соработникот на нејзиниот покоен сопруг, решила да ангажира телохранител.

Loading...

Таа во интервју за денешното издание на магазинот „Тајм“ нагласи дека нападот на блискиот соработник на Алексеј Навални, Леонид Волков, ја натерал да го зголеми нивото на лична безбедност.

„Размислувавме за некои нови безбедносни протоколи. Да бидам искрена, не сакам многу да одам наоколу со телохранител. Јас и Алексеј никогаш не сме имале обезбедување и мислам дека наследив дел од неговата храброст. Многу храброст може да доведе до погрешен потег. Затоа колегите ме замолија да ангажирам телохранител“, изјави Навалња.

Јулија Навалнаја, која не живее во Русија, рече дека ќе ја продолжи борбата на нејзиниот сопруг против рускиот претседател Владимир Путин.

Напаѓач вооружен со чекан го нападнал Леонид Волков пред куќата во која живее во главниот град на Литванија, Вилнус, во март годинава и многупати го удрил, скршејќи му ја раката и повредил нога, јавува Ројтерс.

Литванската контраразузнавачка служба го обвини руското разузнавање дека стои зад нападот, а официјален Кремљ одби да го коментира инцидентот.