Два случаи на семејно насилство биле пријавени во кумановската полиција во текот на изминатото деноноќие.
И во двата случаи жртви биле жени во свои четириесети години, кои биле нападнати од нивните сопрузи.
Во првиот случај 45-годишна кумановка била претепана од својот вонбрачен сопруг.
– На 04.03.2024 година во 10. 00 часот во СВР Куманово, 45-годишна жена од Куманово пријавила дека била физички нападната од нејзиниот вонбрачен сопруг, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Во вториот случај, пријавен ноќва по полноќ, жртва била 46-годишна кумановка.
– На 05.03.2024 година во 00.20 часот, 46-годишна жена од Куманово пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг Ф.А., велат од кумановската полиција.
Од Секторот за внатрешни работи Куманово, потенцираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски