Изложба на Марјан Јаневски – Шалајко вечерва во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во Уметничката галерија при НУ „Музеј Куманово“ вечерва од 19:30 часот ќе биде отворена изложбата „Фотографика“ на Марјан Јаневски Шалајко.

Loading...

Станува збор за фотографии од напуштените објекти во Куманово, во кои Шалајко препознал уметност која се создала сама со „забот на времето“.

– Ние во градот имаме повеќе такви руинирани објекти, секојдневно проаѓајќи покрај нив забележав дека благодарение на тоа што останале заборавени самата природа успеала да направиуметност која заслужува да биде забележана на фотографии. Јас овие фотографии ги работев во поинаква техника, во типот на графика, со тоа што ги нагласив интересните детали и се застапени повеќе детали, изјави Јаневски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дводневна предновогодишна забава во Куманово

 

 

Марјан Јаневски Шалајко е фотограф со децениско искуство кој ги бележи скоро сите случувања низ Куманово.

Ова е негова петта самостојна изложба.

Loading...

Никола Ивановски