Шолц одби да испрати оружје во Украина: „Нема шанси, не сакаме војна“

Сподели со своите пријатели

Украина во моментов не треба да прима крстосувачки ракети Таурус од Германија, изјави канцеларот Олаф Шолц (СПД) и објасни дека во спротивно Германија ризикува да биде вмешана во војната.

Loading...

„Во никој случај и никаде не треба да се поврзуваме со целите што овој (ракетен) систем може да ги погоди“, рече Шолц за време на гостувањето на уредувачката конференција на германската новинска агенција dpa.

„Неопходно е да биде вака јасно. Изненаден сум што некои луѓе воопшто не го менуваат ставот по ова прашање и не размислуваат дали тоа што го правиме во одредена смисла може да доведе до учество во војната“, рече Германската канцеларка, пренесува Дојче веле.

Таурус е еден од најмодерните ракети на германското воздухопловство.

Ова прецизно оружје може да погоди цели на оддалеченост до 500 километри. Москва се наоѓа во тој радиус од руско-украинската граница.

Украинската влада уште во мај минатата година побара испорака на германски крстосувачки ракети со цел да ги искористи за да ја таргетира руската логистика далеку зад линијата на фронтот.

Опозициските германски демохристијани (ЦДУ/ЦСУ) се меѓу оние кои бараат ракетите Таурус да и бидат испорачани на Украина.

За ова силно се залагаат и коалициските партнери на социјалдемократите (СПД) на канцеларот – Зелените и либералите (ФДП).

Loading...

Сепак, резолуцијата со која се бара испорака на Таурус минатата недела не доби мнозинство во германскиот парламент, Бундестагот.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.