Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Куманово и Општинскиот совет за превенција денеска спроведоа Кампања за безбеден сообраќај и јавен превоз на патници и ученици.

Денешната кампања е насочена кон сите фирми кои вршат автобуски јавен превоз на патници и ученици и неопходноста од технички исправни возила.

Надлежните упатија апел до сите возачи на автобуси, сопственици, и сите и кои вршат јавен меѓуградски, меѓуопшински и превоз на ученици за најсериозно однесување и навреме отстранување на најмал дефект, како и редовен технички преглед на секои 6 месеци.

Началникот на Отсек за превенција при СВР Куманово, м-р Лиле Младеновска, апелираше до возачите на автобуси, сопственици, кои исто така вршат и меѓународен превоз на патници, пред секое поаѓање да направат детален преглед на автобусите за да се обезбеди и осигура безбедноста на патниците.

Началникот истакна дека од страна на СВР Куманово ќе се вршат и вонредни технички прегледи на автобуси и за секој констатиран технички неисправен автобус со кој може да се да се загрози животот на патниците, ќе се превземаат најостри законски санкции против возачите и сопствениците како правни лица.

Целта, како што додаде Младеновска, е безбедно движење во сообраќајот и безбедноста на патниците кои се превезуваат со компаниите од градот.
Никола Ивановски

