Триесет и седумгодишен осуденик кој избегал од кумановскиот затвор, каде одлежувал затворска казна, бил приведен утринава.
– Денеска (28.02.2024) во 06.00 во село Дамјан, радовишко, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода А.П.(37) од село Дамјан, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што појаснуваат од МВР, тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Куманово поради бегство од установата.
– А.П. бил осуден на казна затвор од осум години и два месеци за сторени кривични дела по член 236 и член 215 од Кривичниот законик, а имал за доиздржување 10 месеци од казната, додаваат од МВР.
Лицето, велат од полицијата, ќе биде спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Куманово за доиздржување на казната.
Никола Ивановски