Јапонската компанија Sony објави дека има продадено над 50 милиони конзоли за игри PlayStation 5 (PS5) од ноември 2020 година, кога овој производ првпат беше претставен на пазарот.
Loading...
Ноември истовремено забележа најголем интерес за PS5 конзолите во претходните три години, објави Sony на својата веб-страница.
Видео игрите како Spider-Man 2, Baldur’s Gate 3 или Alan Wake 3 поттикнаа голем интерес за конзолата на Sony, а компанијата наведува дека моментално има над 2.550 видео игри за PS5.
Конкурентот на Sony, Microsoft, не може да се пофали со толку добри резултати, бидејќи од ноември 2020 година продаде „само“ 21 милион конзоли од четвртата генерација на Xbox (Xbox Series X и Series S), објавија медиумите.