Приведен кумановец кој избегал од затвор

Сподели со своите пријатели

Четириесет и осумгодишен кумановец кој бил баран со потерница како бегалец од затвор, бил приведен вчеравечер во Скопје.

Loading...

– Вчера (10.12.2023) во 22 часот на ул.„Антон Попов“ во Скопје, полициски службеници од Оперативниот тим потраги при СВР Скопје и од Полициската станица Драчево го лишија од слобода Љ.С.(48) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од МВР, тој бил баран по две централни потерници, врз основа на наредба од Казнено-поправната установа „Затвор Куманово“ за доиздржување 10 месеци затворска казна, а бил осуден на 2 години 10 месеци за сторени кривични дела по член 236 и член 206 од Кривичниот законик и врз основа на наредба од Основниот кривичен суд Скопје за издржување на казната затвор од две години за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Физички нападнат 17-годишник од Куманово

– Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа, стои во соопштението на полицијата.

Никола Ивановски