Петмина кумановци физички се пресметувале во центарот на градот

Сподели со своите пријатели

Пет лица од Куманово го нарушиле јавниот ред и мир викендов со физичка пресметка во центарот на Куманово.

Loading...

– На 19.11.2023 во 03.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Ленинова“, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.М.(18) од село Пчиња, кумановско, Б.А.(21) од Агино Село, кумановско, Д.В.(22) од село Режановце, кумановско, Д.П.(32) од село Пчиња и Ф.С.(25) од Агино Село, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од полицијата додаваат дека по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без струја денеска и утре овие делови на кумановско