Куманово ќе одбележи 79 години од ослободувањето

Сподели со своите пријатели

Куманово во сабота ќе одбележи 79 години од своето ослободување, а по тој повод во тек е богата културна и спортска програма.

Loading...

Како што информираше директорот на Фондација за култура и спорт Марио Арангеловски на денешната прес конференција, ноемвриските денови се во тек.

– Во тек се ноемвриските денови со сериозно богата културна и спортска програма годинава. Постои и дигитална верзија од истата која можете да ја најдете на нашите социјални медиуми, но накусо сакам да ви го претставам она со што ќе го одбележиме Денот на градот, рече Арангеловски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ученици од „11 Октомври“ се едуцираа и натпреваруваа во шах (ФОТО)

Главната програма за одбележување на Денот на градот, започнува во петок на 10ти ноември со отворање на изложба на кумановски ликовни уметници во галеријата на Музеј Куманово од 19:30 часот.

– Се до мега концертот кој секоја година се случува по повод Ден на градот, на кој ќе ни настапи нашиот локален артист Мартинијан Кириловски кој ќе ја има таа чест да го отвори настанот, по него ќе настапат сопствениците на најголемиот хит во државата Пајак и Лара, за да на крај ѕвезди на вечерта ни бидат Туна и ДНК. Се одлучивме за програма со која ќе ги испочитуваме сите наши граѓани, а сепак ќе се сведеме на македонската музика и наши музичари, појаснува Арангеловски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поставена божиќната пештера на градскиот плоштад во Куманово

Во сабота со почеток во 11 часот на Спомен Костурница ќе се одржи положување цвеќе на паднатите борци, а точно на пладне во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ ќе се одржи свечена седница на Советот на Општина Куманово.

Програмата за одбележување на Денот на градот ја спроведува Фондација за култура и спорт, под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово.

Никола Ивановски

Loading...