Ракометарките на Куманово впишаа нова победа откако викендов на гостински терен го совладаа составот на ЖРК Вардар.
Loading...
Добар старт имаа кумановки кога направија и поголемо водство над домаќинот кое го задржаа и до самото полувреме со резултат 9:12.
Вториот дел од средбата иако со мал пад во играта сепак не дозвоија да бидат совладани и триумфираа со 24:25.
– Оваа победа ја посветуваме на Нена Нестороска и ѝ посакуваме што побрзо да закрепне од повредата и да се врати на теренот, велат од клубот.
Со седум голови најефикасна беше Сара Цветановска, а гол помалку впиша Сара Богојеска.
Никола Ивановски