Во спортската сала на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Куманово вчера беше организиран турнир во футсал меѓу ученици од средните училишта во градот.
Loading...
Мотото на турнирот е „Спорт да, дрога не“, а го организираа полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово со Општински совет за превенција на детско престапништво.
– Целта на овие натпревари е да им се пренесе пораката на младите дека преку игра, дружење и меѓусебно почитување сите ќе имаме безбедна заедница, велат од кумановската полиција.
На победниците им беа доделени трофеи и дипломи, додека на другите учесници им беа врачени благодарници.
Никола Ивановски
Loading...