Актерот Бојан Велевски прави голема стендап турнеја низ десет градови во Македонија, со наслов “Све ли ја да мислам”, а по текст на Божидар Божиновски (Моџо).
Премиерата тргна од Прилеп, продолжи во Струмица, Кавадарци и Гевгелија. На овие три настани Бојан собра близу 2000 луѓе.
Куманово е еден од најважните градови во турнејата според Бојан:
„Кумановци за мене се татковци на хуморот. Ако го насмееш Куманово, сметај дека си ја насмеал Македонија. Имаат високи критериуми кога е комедијата во прашање и затоа настапот пред кумановската публика ми е од особено значење“, открива Велевски.
Продажбата веќе се одвива со брзо темпо. На една недела пред настанот 300 карти веќе се продадени до овој момент, а настапот е на 16-ти октомври во Центарот за Култура, 20ч. Карти имате во Павел тобако и Зен кафе. (200ден)
Ова е атмосферата од досегашниот тек на турнејата.