Се жалел на силни болки во стомакот: Шокираните лекари му извадиле 60 предмети (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Индиец (35) кој две години страдал од болки во стомакот ги шокирал лекарите кога откриле дека пациентот голтал предмети од домаќинството, од копчиња до слушалки, пишува New York Post.

Loading...

– За време на рендгенот пронајдовме медаљони, синџири, навртки, завртки, слушалки и многу други предмети во внатрешноста на стомакот – изјави Ајмер Синг Калра, директор на болницата Мога Медисити во Мога, град во индиската држава Пенџаб.

 

 

Пациентот Кулдип Синг отишол во болница загрижен за стомачни проблеми, како и за висока температура.

Лекарите ја испитале проблематичната област, по што дошле до алармантно откритие – Синг изел приближно 60 парчиња накит, вклучувајќи медалјони, синџири, навртки, завртки, слушалки и сигурносни иглички, магнети, копчиња од кошули и патенти.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Италија планира да продолжи со префрлање на мигранти во Албанија во јануари

Лекарите му констатирале ментална болест поради која „компулсивно голта други предмети освен храна“, известија од клиниката.

Loading...

 

 

Според нив, болеста е најчеста кај малите деца, трудниците и лицата со психијатриски пореметувања, меѓу кои аутистичен спектар, интелектуална попреченост или шизофренија.

Според Џем прес, семејството на пациентот не било свесно за неговиот проблем.

– Бидејќи јадел остри предмети, имаше тешки рани во стомакот – изјави доктор Калра, кој го оперирал.

 

Loading...

 

Синг бил подложен на тричасовна операција. Иако самата процедура била успешна, лекарите се загрижени.

– Се уште е на вентилатор и е критичен – известија лекарите.