Руското Министерство за одбрана утринава соопшти дека соборило 42 украински беспилотни летала над Крим.
Loading...
„Девет беспилотни летала се уништени во напад над Крим, а 33 се неутрализирани со помош на електронско војување и паднале пред да ја погодат целта“, објави Министерството за одбрана на Телеграм.
Податоци за жртви и штети не се дадени.
Гувернерот на Севастопол, Михаил Развозаев, изјави дека неколку авиони биле соборени на 10 километри од Севастопол, родното пристаниште на руската Црноморска флота.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.