На Ирачанецот кој го запали Куранот му се заканува прогон од Шведска

Сподели со своите пријатели

Шведската агенција за миграција покрена истрага против Салван Момика, кој одржа протест каде повторно го запали Куранот, за да утврди дали Ирачанецот има право да остане во Шведска.

Loading...

Момика досега одржа протести пред џамијата, ирачката амбасада и шведскиот парламент Риксдаг во Стокхолм, а вчера организираше уште еден во близина на иранската амбасада, пренесува Танјуг.

Агенцијата за миграција отвори истрага на 11 јули, по првиот случај на палење на Куранот, за да истражи дали на Ирачанецот треба да му се одземе дозволата за престој.

Неделава Момика беше поканет на состанок во просториите на Агенцијата, кој траеше неколку часа.

„Можам да потврдам дека средбата се одржа, но она што беше разговарано не е нешто за што можам да зборувам“, рече портпаролот на Шведската агенција за миграција Јеспер Тенгрот.

Тој изјави дека се очекува истрагата на Агенцијата да трае подолг временски период.