Шојгу направи увид на арктичките гарнизони на Северната флота

Сподели со своите пријатели

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска изврши увид во далечните арктички гарнизони на Северната флота и ја провери организацијата на официјалните активности на архипелагот Нова Земја, соопшти Министерството за одбрана на Русија, пренесува Танјуг.

Loading...

Шојгу го провери исполнувањето на задачите за потребите на специјалните единици и единиците стационирани на Нова Земја, вклучително и подготвеноста за заштита и одбрана на особено важни објекти, пренесува „Известија“.

Според извештаите, министерот за одбрана на Русија, заедно со шефот на Росатом, Алексеј Лихачев, ги прелетале објектите на централниот полигон, каде од 1954 до 1990 година биле извршени 132 тестови на нуклеарно оружје, а сега е главна задача на полигон за тестирање е подготовка и тестирање на потенцијални модели на оружје и воена опрема.

Шојгу ја провери подготвеноста на социјалната инфраструктура во населбата Белушја Губа на Нова Земља, вклучувајќи го и најсеверното училиште во Русија.