Грчкиот министер за климатски кризи и цивилна заштита, Василис Кикилијас, денеска изјави дека во последните неколку дена во Грција горат над 600 пожари, а огромното мнозинство се предизвикани од луѓе.
Државата ќе направи се што е потребно за да им пружи помош на погодените, рече Кикилијас, истакнувајќи дека три лица загинаа, а 74 се повредени.
Посочи дека ситуацијата е тешка, и дека е стабилизирана благодарение на посветеноста на противпожарните бригади, споменувајќи ја и смртта на двајцата пилоти.
Кикилијас нагласи дека повеќето од 660 пожари се изгаснати, а имало 10 големи пожари, пренесува Танјуг.
Министерот посочи дека климатската криза нема да исчезне и дека на неа мора да се прилагодат стратегиите на сите нивоа, објави „Катимерини“.
Состојбата околу пожарите во Тесалија, Крф и островот Евија утрово е многу подобра, а пожарите на Родос се ставени под контрола.