Ова ќе биде најтоплиот месец во следните 100, а можеби и 1.000 години

Сподели со своите пријатели

Овој месец најверојатно ќе биде најтоплиот месец во следните сто, можеби дури и илјада години, изјави главниот климатолог на НАСА, Гевин Шмит.

Loading...

Дневните рекорди веќе се срушени во јули, според реперите на Европската унија и Универзитетот во Мејн, кои комбинираат податоци од земја и сателити за прелиминарните проценки на просечната температура.

„Гледаме драматични промени ширум светот. Топлинските бранови во САД, Европа и Кина неконтролирано уриваат рекорди“, додаде тој.

Трендот на екстремни горештини е непогрешлив и најверојатно ќе се одрази во месечните извештаи објавени од американските агенции, објасни Шмит на прес-брифингот на НАСА.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Еврото падна во однос на доларот на најниско ниво во последните две години

„Очекуваме дека тоа ќе продолжи, а причината е што продолжуваме да испуштаме гасови во атмосферата“, рече Шмит.

Целата оваа топлина ги зголемува шансите 2023 година да биде најтоплата година во просек.

Сегашните модели проценуваат дека шансите за такво нешто се меѓу 50 и 80 проценти.

Претходниот рекорд го држеше во 2016 година, но за рекордната температура придонесе многу силниот феномен Ел Нињо кој се разви во периодот од 2014 до 2016 година.

Loading...

Меѓутоа, овој пат топлината не може да се припише само на феноменот Ел Нињо бидејќи тој всушност само што се појавува, објаснува Шмит.

Иако Ел Нињо моментално игра мала улога, она што го гледаме се рекордни температури, речиси насекаде, особено во океаните.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иран лансира нови центрифуги по резолуцијата на МААЕ

Со месеци бележиме рекордни температури на површината на морето, дури и надвор од тропските предели.

„Предвидуваме дека 2024 година во просек ќе биде уште потопла бидејќи ќе ја започнеме со Ел Нињо што се развива сега, а кој ќе го достигне својот врв до крајот на оваа година“, додаде Шмит.

Неговите предупредувања доаѓаат додека светот се соочува со шумски пожари, екстремни здравствени предупредувања и рекордни температури.