Изложба на дела од конкурсот „Мојот имагинарен свет” во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во текот на месецот Април (05.-25.2023) НУЦК „Трајко Прокопиев” Куманово распиша ликовен конкурс за ученици од основни и средни училишта од Oпштина Куманово.

Loading...

Конкурсот беше насловен „Мојот имагинарен свет” а главната идеја беше да се мотивираат учениците во нивните напори за креативно ликовно изразување и валоризација во нивните креативни идеи. За таа цел Центарот за култура предвиде три награди за основните и исто толку за средните училишта како и благодарници за нивните ментори – професори по ликовно воспитување.

На конкурсот пристигнаа околу 150 цртежи од кои комисијата составена од Ликовниот сектор при НУЦК “Трајко Прокопиев” Куманово направи селекција на делата кои ќе бидат изложени на изложбата како и на делата кои ќе бидат наградени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Завршени повеќе инфраструктурни проекти за училишта во Куманово (ВИДЕО)

Наградени тудови за средни училишта:

Прво место – Исидора Божиновска III-1, СОУ “Перо Наков” – Куманово                 Ментор проф. Милена Арсовска

Второ место – Никола Василевски II-6, СОУ Гимназија “Гоце Делчев” – Куманово Ментор проф. Валентина Јовановска

Трето место –  Ељза Лимани I-6, СОУ Гимназија “Сами Фрашери” – Куманово  Ментор проф. Аљбина Авдиљи

Наградени тудови за основни училишта:

Прво место – Каја Камелија Колев VIII-В, ООУ “Магдалена Антова” нас. Карпош – Куманово, Ментор проф. Симона Димковиќ

Второ место – Канита Алили IX-6, ООУ “Наим Фрашери” – Куманово                      Ментор проф. Неџмедин Арифи

Loading...

Трето место –  Лела Пандиловска VII-2, OОУ “Вук Караџиќ” – Куманово                 Ментор проф. Марија Величковска

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Четири возила се судрија на патот Куманово – Крива Паланка, седумина повредени

Изложбата ќе биде отворена на 05.05. (петок) 2023 во 12 часот во изложбениот салон на Центарот за култура каде што ќе бидат доделени дипломите и благодарниците на наградените ученици и нивните ментори.

Интегрално соопштение