Шефот на пропадната криптобанка обвинет дека дал мито од 40 милиони долари на Кинезите

Сподели со своите пријатели

Сем Банкмен Фрид, основачот на неуспешната крипто фирма FTX, е обвинет за поткуп на најмалку еден кинески функционер.

Loading...

Тој е обвинет дека одобрил мито од „најмалку 40 милиони долари“ за да се обиде да добие пристап до трговските сметки замрзнати од кинеските власти, пишува Би-Би-Си.

Обвиненијата се во прилог на случајот за измама поднесен минатата година по колапсот на FTX.

Банкмен-Фрид претходно се изјасни за невин.

Моментално е во домашен притвор, во домот на неговите родители во Калифорнија, каде што го чека судење.

Ажурираното обвинение тврди дека Банкмен-Фрид го одобрил митото откако кинеските власти ги замрзнале сметките со околу 1 милијарда долари во криптовалута што и припаѓаат на неговата фирма Аламеда Рисрч.

FTX заврши во банкрот по ненадејно повлекување на средствата

Наводниот поткуп следеше по неколкумесечни обиди за пристап до средствата, за кои Банкмен-Фрид веруваше дека биле замрзнати како дел од истрагата за друга трговска фирма.

Loading...

Сето ова се случи пред драматичниот колапс на FTX минатата година, кога извештаите за финансиите на компанијата доведоа до наплив на повлекувања, што ја турна компанијата во банкрот.

По колапсот, поради кој многу луѓе не можеа да пристапат до нивните средства, беше поднесена кривична пријава против Банкмен-Фрид.

Тој е обвинет за неправилно користење на депозитите на клиентите во FTX за финансирање на неговата друга компанија, Alameda Research, купување имот и политички донации.

Тој призна неуспеси во управувањето

Колапсот на FTX фрли дополнителен сомнеж врз крипто индустријата, која веќе се справуваше со големи падови на вредноста на биткоинот.

Бенкмен беше една од најистакнатите фигури во секторот, водејќи берза која имаше повеќе од милион корисници и беше рангирана од некои како трета по големина платформа за тргување во светот.

Банкмен-Фрид призна лошо управување, но негираше измама.

Тројца од неговите најблиски соработници ја признаа вината и соработуваат со истражителите.

Доколку биде прогласен за виновен, се соочува со повеќе од 100 години затвор.

Loading...