Амстердам ќе забрани пушење канабис во улиците со црвени фенери

Сподели со своите пријатели

Во обид да го подобри квалитетот на животот на локалните жители, Амстердам ќе ја забрани употребата на марихуана на улиците во својот кварт на „црвените фенери“, традиционален центар за легална трговија со секс, и ќе преземе нови чекори за да го обесхрабри консумирањето алкохол.

Loading...

Жителите на стариот центар на градот доживуваат многу непријатности поради масовниот туризам и злоупотребата на алкохол и дрога на улица, се вели во соопштението на Градскиот совет, пренесува Си-Ен-Ен.

Се посочува дека голем број туристи привлекуваат улични дилери, кои промовираат криминал и несигурност, а особено ноќе атмосферата може да стане мрачна.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шпанија ќе легализира 300.000 илегални мигранти годишно во следните три години

Покрај забраната за пушење марихуана на улица, најавено е дека Градот ќе ги зајакне мерките за обесхрабрување на консумацијата на алкохол, чија продажба е веќе забранета по 16 часот од четврток до недела.

Градските власти се надеваат дека забраната за пушење ќе ги намали проблемите на жителите, а доколку тоа не успее, ќе размислат за забрана за набавка на лесни дроги за конзумирање на други места, како и забрана за пушење марихуана во градините на ресторани и кафулиња.

Имплементацијата на новите мерки ќе започне кон средината на мај.

Годинава се очекува 18 милиони посетители да останат во Амстердам повеќе од еден ден и уште 24 до 25 милиони да дојдат во еднодневна посета.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Обилни снежни врнежи ја погодија Британија, затворени се околу 200 училишта

Кога бројот на посетители кои ноќеваат во градот ќе достигне 18 милиони, Градскиот совет е „должен да интервенира“ во согласност со регулативата од 2021 година насловена „Амстердамскиот туризам во рамнотежа“.

Loading...