Авганистанското Министерство за високо образование, со кое раководат талибанците, им забрани на жените да се запишуваат на универзитети, се наведува во писмото испратено до приватните колеџи и високообразовни институции, објави локалната телевизија Толонњуз.
Во писмото се наведува дека жените не смеат да се запишуваат на факултетите „до дополнително известување“.
Откако Талибанците се вратија на власт во август 2021 година, Авганистан стана единствената земја во светот што негира образование на жените.
Тие првично им забранија на девојчињата да посетуваат основно училиште по шесто одделение.
Талибанците го наведоа кршењето на исламските кодекси за облекување и заедничкото образование со мажи како причина за забраната на жените од колеџ.
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ги повика екстремистите да ја поништат забраната за средно и високо образование за жените, а Организацијата за исламска соработка, меѓувладина организација која ги вклучува сите земји со мнозинско муслиманско население, го отфрли тврдењето на Талибанците дека нивниот третман кон жените и девојчињата е во согласност со шеријатскиот закон.