Јапонија ги заостри санкциите против Русија

Сподели со своите пријатели

Денеска Јапонија одлучи да ги заостри санкциите против Русија и да го забрани извозот на стоки кои би можеле да послужат за зголемување на воениот потенцијал на Москва.

Loading...

Во исто време, Токио одлучи да ги замрзне средствата на три организации и 22 лица во Русија, пренесува Ројтерс.

Јапонија ќе воведе забрана за извоз во согласност со другите нации, поттикната од желбата да придонесе во меѓународните мировни напори во Украина, објави јапонското Министерство за економија, трговија и индустрија.

Меѓу другото, Јапонија од 3 февруари ќе го забрани извозот на стоки на 49 компании во Русија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Песков: Русија продолжува да се подготвува за преговори во Истанбул

Станува збор за стоки како водени топови, опрема за истражување на гас, полупроводници, но и вакцини, рендген апарати, експлозиви и роботи, се додава во соопштението.

Јапонија, исто така, ќе ги замрзне средствата на три компании, вклучувајќи ја и воздушната компанија JSC Irkut Corp и производителот на ракети земја-воздух ММЗ Авангард.

Проширениот список на санкционирани се заменик-министерот за одбрана на Русија Михаил Мизинцев и министерот за правда на Русија Константин Чијченко, како и 14 други лица вклучени во наводната „анексија“ на делови од југоисточна Украина.

Одлуката за санкции е донесена по последниот руски ракетен напад врз Украина, во кој вчера загинаа најмалку 11 лица.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ердоган: Турција е подготвена да ги поддржи мировните преговори меѓу Русија и Украина во секој чекор

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.