Германската министерка за одбрана поднесе оставка поради војната во Украина

Сподели со своите пријатели

Германската министерка за одбрана Кристина Ламбрехт денеска поднесе оставка.

Loading...

Ламбрехт му го врати мандатот на германскиот канцелар Олаф Шолц, пренесува ДВ.

Нејзиниот потег уследи откако германските медиуми објавија дека шефот на одбраната има намера да се повлече по критикуваната новогодишна порака што ја објави на социјалните мрежи.

Ламбрехт во својата порака ја спомна војната во Украина со звуци на огномет во позадина.

Членовите на опозициската Христијанско-демократска унија (ЦДУ) го осудија нејзиниот потег и ја повикаа да поднесе оставка.

По овој настан, канцеларот Шолц истакна дека сѐ уште има доверба во својата министерка, но таа сепак донела одлука да се повлече.

Речиси од почетокот на војната во Украина, Германија беше остро критикувана за нејзиниот однос, кој беше оценет како воздржан.

Лидерите на оваа земја постојано одбиваат да испратат оружје во Украина, пред се моќни тенкови „Леопард“, што наиде на осуда од дел од меѓународната заедница.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.