Министерката Тренчевска донираше сликовници во кумановската градинка (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска го посети објектот „Пчелка“ на јавната детска установа „Ангел Шајче“, во Куманово и донираше инклузивни сликовници со брајово писмо за децата со оштетен вид. Сликовниците се издадени од страна на Здружението на граѓани „Свет на Различни а Еднакви“.

Loading...

Министерката на својата посета ја истакна важноста на инклузивните материјали во предучилишното згрижување на децата. Таа истакна дека заложбите на Министерството за труд и социјална политика за овозможување на пристап за секое дете во градинките се големи. Инклузивната средина, можноста секое дете да има пристап до едукативни материјали го поддржува развојот на детето и неговата полесна интеграција во социјалната средина.

 

 

Тренчевска посочи дека секоја градинка е место за секое дете и дека тоа ќе продолжи да биди позитивната пракса и во новите градинки кои се во план да се изградат во 2023 година.

Посетата на Министерката беше и во предновогодишен дух. Беше одиграна предновогодишна претстава од страна на Снежана Конеска – Руси која преку уметност им ги долови придобивките на инклузивните сликовници на децата и ја објасни нивната намена.