ЕУ наскоро ќе воведе санкции поради иранските дронови во Украина

Сподели со своите пријатели

Европската унија начелно се согласи да санкционира осум лица и субјекти за руската употреба на ирански камикази дронови во нападите врз Украина, потврдија тројца европски дипломати.

Loading...

Функционерите на 27-те земји членки на ЕУ денеска треба да договорат конкретен список на санкционирани, за кој треба да гласаат попладнево.

Веста за иранските санкции за беспилотните летала доаѓа откако Америка рече дека испораката на експлозивни дронови од Иран во Русија ги прекршува санкциите на ОН.

Украинските градови, вклучително и Киев, со денови се на удар на дронови камикази за кои се верува дека се од иранско производство.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: 40.000 руски војници од Украина пренасочени кон Курск

Да потсетиме, Америка неодамна изјави дека се согласува со разузнавачките проценки на Британија и Франција дека испраќањето на беспилотни летала од Иран во Русија ја прекршува резолуцијата 2231 на ОН, која се однесува на ограничувањата за извоз на иранско оружје.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.