Раиси го обвини Бајден дека поттикнува хаос во Иран

Сподели со своите пријатели

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси денеска го обвини американскиот претседател Џо Бајден за поттикнување „хаос, терор и уништување“ во Иран, пренесе агенцијата ИРНА.

Loading...

– Американскиот претседател, кој си дозволува со своите коментари да поттикнува хаос, терор и уништување во друга земја, треба да се потсети на вечните зборови на основачот на Исламската Република, кој Америка ја нарече големиот сатана – изјави Раиси, пренесе Ројтерс.

Бајден вчера изјави дека протестите во Иран поради смртта на 22-годишната Махса Амини се изненадувачки и дека САД ги поддржуваат храбрите Иранки.

Тој исто така рече дека Иран мора да стави крај на насилството врз своите граѓани со едноставно почитување на нивните човекови права.

Според иранската група за човекови права со седиште во Осло, во протестите во Иран загинаа повеќе од 100 луѓе.

Апсењата на демонстрантите продолжија и покрај повикот на Амнести интернешнал да престанат, како и убиствата на малолетници бидејќи најмалку 23 од нив загинаа во протестите.