Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, и идеен творец на движењето “За наше Куманово“ го посети Прилеп, за што извести преку неговиот Фејсбук профил:
Денеска на покана на група граѓани од Прилеп се сретнав со дел од иницијативниот одбор за формирање на граѓанското здружение “За Наш Прилеп” и ги споделив со нив нашите искуства на граѓанската иницијатива “За Наше Куманово”.
Во следниот период од нивна страна е најавено регистрирање на вакво граѓанско здружение кое што ќе работи од прилепчани за прилепчани за афирмација на политиките на здужението и подобри услови за живот на сите граѓани во Прилеп и во Македонија.
Драги пријатели, храбри луѓе, нека ви е со среќа и успех за вашата идеја да се преточи во реалност.