Акционерите на Твитер одобрија продажба на компанијата на Илон Маск

Сподели со своите пријатели

Акционерите на Твитер во седиштето на компанијата во Сан Франциско одлучија да ја одобрат продажбата на социјалната мрежа на Илон Маск за 44 милијарди долари.

Одлуката на акционерите значи дека „Твитер“ ќе се обиде на суд да го натера најбогатиот човек на светот да ја купи компанијата, пишува ББС.

Гласањето дојде неколку дена по третото писмо на Маск до „Твитер“, во кое тој бара да го раскине договорот, потсетува СНН.

Loading...

„Твитер“ ја прифати понудата на Маск да ја купи компанијата во април, но тој во мај изјави дека се откажува бидејќи му дале неточни податоци за бројот на спам и бот профили.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 100 пожарникари се борат со пожар во поранешната зграда на BBC во Лондон

На Маск му соопштија од Твитер дека помалку од пет проценти од активните дневни корисници се ботови, но тој тврди дека бројката е многу пати поголема.

Берзанската вредност на „Твитер“ моментално изнесува 32 милијарди долари, што е значително помалку од она што го понуди Маск.

Акционерите на Твитер и дадоа зелено светло на компанијата да го тужи Маск за откажување од купувањето.

Спорот би можел да се реши во октомври, кога страните ќе ги изнесат своите аргументи пред судот во Делавер, по што судијата ќе одлучи дали Маск мора да ја купи компанијата.

Loading...