Од новото лице на банкнотите и поштенските марки до текстот на националната химна, Велика Британија ќе доживее некои промени по смртта на кралицата Елизабета Втора и доаѓањето на нејзиниот син Чарлс III.
Така, зборовите на британската национална химна, кои датираат од 18 век, ќе бидат променети така што наместо „Господe спаси ја кралицата“ ќе пишува „Господe спаси го кралот“.
На новите монети и банкноти сега ќе стои главата на кралот, а старите со ликот на кралицата ќе бидат во оптек додека не бидат заменети, пренесува Ројтерс.
Поштенските марки, исто така, ќе бидат променети со портрет на новиот крал.
Промени ќе бидат направени и во монограмот што го користел монархот, кој моментално се состои од печат на кој пишува „EIIR“ под круната на Свети Едвард.
Според традицијата, со новиот крал се менуваат и монограмот и кралскиот грб.
Наместо совет на кралицата, сега ќе се вика Кралски совет, а според правилата ќе се менуваат и титулите на членовите на кралското семејство.
Сите информации поврзани со најновите случувања во Велика Британија можете да ги прочитате ТУКА.