Луѓе се собираат пред британската палата по вестите за кралицата

Сподели со своите пријатели

Од Бакингемската палата беше потврдено дека кралицата Елизабета (96) е ставена под постојан медицински надзор поради нејзината здравствена состојба.

Loading...

Бидејќи лекарите ја потврдиле тешката здравствена состојба на кралицата, народот веќе почнал да се собира пред палатата.

Принцот Хари и Меган Маркл, кои пред два дена беа во Британија, а потоа отпатуваа за Германија, се враќаат да бидат со кралицата и остатокот од семејството поради голема грижа за нејзиното здравје, јавуваат британските медиуми.

Војводата и војвотката од Сасекс ќе отпатуваат во Шкотска за да бидат со кралицата, изјави портпаролот на Хари и Меган.

 

 

 

Сите четири деца на британската кралица Елизабета Втора отпатуваа во замокот Балморал во Шкотска за да бидат со кралицата, бидејќи лекарите денеска потврдија дека таа е во лоша здравствена состојба.

Loading...

Принцот Чарлс со својот син принцот Вилијам, принцезата Ана, принцот Едвард и принцот Ендру исто така пристигна во Балморал, пренесува Ројтерс.

Како што е соопштено, кралицата ќе продолжи да мирува  во замокот Балморал во Шкотска.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Велика Британија можете да ги прочитате ТУКА.