Германскиот премиер: Не мора да се туширате секој ден, користете влажни крпи

Сподели со своите пријатели

Премиерот на германската покраина Баден-Виртемберг, Винфрид Кречман, за да заштеди енергија, им препорачува на граѓаните да не се тушираат секој ден, туку да користат влажни пешкири.

Loading...

Во интервју за дневниот весник „Зидвест Пресе“, Кречман, кој во последните недели често апелираше до граѓаните да се воздржат од туширање и капење, рече дека влажните крпи се корисен изум.

Инаку, министерот за економија на Германија Роберт Хабек во владината кампања јасно препорачува пократки и постудени тушеви.

– Да го намалиме времето на туширање на максимум пет минути и да ја намалиме температурата на водата. Со тоа не се заштедува само топла вода, туку и енергија, се објаснува во кампањата. И сенаторката за екологија во владата на Берлин, Бетина Јараш, неодамна ги повика граѓаните да се тушираат пократко наместо да се капат.

Таа во една изјава рече дека се мие како мачка, а тој термин се користи во Германија за брза хигиена на телото со употреба на крпи.

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.