Шведска ќе испрати делегација на дипломати во Турција за да разговараат за одлуката на скандинавската држава да поднесе барање за членство во НАТО.
Шефот на шведската дипломатија Ан Линде (Ан) потврди дека делегацијата наскоро ќе ја посети Анкара.
Кампањи за дезинформација
Осврнувајќи се на реакцијата на Москва на барањето на Шведска за членство во НАТО, Линде рече дека Русија ширела кампањи за дезинформации дека Швеѓаните се нацисти.
Шведската владејачка Социјалдемократска партија во неделата одлучи земјата да аплицира за членство во НАТО.
Премиерката Магдалена Андерсон рече дека тоа би била најдобрата одлука за безбедноста на Шведска.
Северна Кореја: Заразени 1,2 милиони луѓе, војската се вклучува во справувањето
Во објава на Твитер, Линде го опиша потегот на нејзината партија како „историска одлука“.
– Денеска Социјалдемократската партија на Шведска донесе историска одлука да каже дека аплицира за членство во НАТО одбранбената алијанса. Руската инвазија на Украина ја влоши безбедносната ситуација за Шведска и Европа како целина, рече Линде.
Естонија: Шведското и финското членство во НАТО ќе ја зголеми безбедноста на Балтикот
Дебата во парламентот
Откако за ова прашање ќе се расправа во парламентот во понеделник, Шведска и Финска се очекува заеднички да аплицираат за членство во НАТО најдоцна до среда.
Шведска не успеа да постигне договор со Турција на разговорите во неделата за очекуваната апликација на скандинавската држава за членство во НАТО, но беше најавено дека ќе ги продолжи преговорите.
Да потсетиме, турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, кој се состана со шведската колешка Линда за време на викендот на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО во германскиот главен град Берлин, рече дека Шведска и Финска отворено ја поддржуваат организацијата, која Турција ја смета за терористичка.