Дојава за бомби во 97 училишта во Белград

Сподели со своите пријатели

Утрово 97 основни училишта и неколку средни училишта во Белград добиле дојави за поставени бомби, поради што голем дел од нив ја откажаа наставата, пишува српски Данас.

Loading...

Обвинителството за организиран криминал изјави за Данас дека „секако ќе се справи со ова бидејќи се работи за терористички акт“.

Основните училишта на територијата на Раковица утрово преку електронска пошта добиле дојава за поставената бомба.

„На ТЕРИТОРИЈАТА НА УЧИЛИШТЕТО СЕ ПОСТАВЕНИ ОГРОМНО КОЛИЧИНИ ЕКСПЛОЗИВИ. Чудно чувство на смиреност, како да чекаме нормален ден, истата рутина како и секогаш. Се мразиме себеси, но сакаме да ги повредиме сите што ќе ни се најдат на патот. Чувството дека сè околу неа е сон нѐ остава. Не гледаме причина да пишуваме нешто друго. На крајот, можеме да кажеме дека не сме први и далеку од последните“, се наведува во мејлот.

Директорот на ОУ „Бранко Ќопиќ“ ги известил родителите дека пристигнала дојава за бомбите и дека наставата во утринската смена нема да се одржува.

Откако припадниците на МВР извршиле увид во тоа училиште, директорот ги известил родителите дека условите за работа се безбедни.

И други училишта низ Белград добиle извештаи за бомби, по што директорите и наставниците почнаа да ги информираат родителите за тоа што се случува.

„Почитувани родители, пристигна лажна вест за поставена бомба во сите училишта на територијата на Палилула. Децата ќе бидат со мене во училишниот двор додека екипата за контрадиверзија не изврши увид во училиштето“, стои во пораката што родителите на учениците од основното училиште Филип Вишњиќ ја добиле од наставникот.

Loading...

Родителите посочуваат дека обично во училиштата нема план за евакуација, или пак не се почитува.

Наставата во многу училишта не е ни започната, а децата кои пристигнаа се вратени дома.

„Поради дојава за бомба, наставата најверојатно ќе биде откажана“, било известувањето што утринава околу 7:30 часот го добиле учениците од ОУ „Соња Маринковиќ“ во Земун. Како што ни рекоа, на учениците кои посетуваат прва смена им било кажано да не одат на училиште додека „не се расчисти ситуацијата“.

Како што им кажаа на родителите во тоа училиште, помладата смена денеска нема настава.

Голем број основни училишта во Белград, 97 од нив, како и некои средни училишта утринава добиле пријави за бомби, соопшти Министерството за образование.

„По детална проверка на противдиверзивните екипи на МВР во поголем број училишта, утврдено е дека пријавите за поставените бомби се лажни. Учениците се вратени на настава, а во училиштата каде с\ уште трае безбедносната проверка, учениците се пратени дома. По завршувањето на увидот на КД во училиштата, учениците ќе бидат вратени на настава“, наведува Министерството.

Како што дознава Данас, дојавите за бомби во основните и средните училишта во Белград најверојатно ќе бидат окарактеризирани како терористички акт, поради што за овој случај ќе биде надлежно Обвинителството за организиран криминал.

„Разликата меѓу претходните пријави и оние од утринава се најпрво во масовноста, бидејќи огромен број училишта го добија извештајот. Исто така, досега најчесто пристигнувале телефонски, а овој пат биле испратени по електронска пошта. Обвинителството за организиран криминал секако ќе се позанимава со ова бидејќи се работи за терористички акт, а можно е да се вклучи и Обвинителството за високотехнолошки криминал за што ќе знаеме во текот на денот“, изјавија од највисокото обвинителство за Данас.

Loading...

Вчера биле примени две пријави за бомби на железничката станица Нов Белград и во Зоолошката градина.