Во организација на група ученици од Гимназија “Гоце Делчев” при проектна активност “Литературни клубови и драмски секции” под раководство на проф. Соња Тодоровска, во Театар Куманово со почеток во 20 часот, ќе биде изведена аматерска театарска претстава “Радован III ” базирана на познатата комедија “Радован III ” позната по изведбата на незаборавниот актер Зоран Радмиловиќ.
Режијата е на Мила Николиќ, а во претставата ќе настпат Ангел Арсовски, Мила Николиќ, Теодора Струмениковска, Јована Сибиновска, Николај Вукановски, Иван Марковиќ, Кристофер Златковски, Тијана Стојковска, Петар Тодоровски, Стефани Петрушевска, Маријана Младеновска, Ана Николиќ, Милош Зафировски и Сара Илиќ.
Премиерата е закажана за понеделник /27 април/ и реприза наредниот ден.
Билетите по цена од 50 денари се достапни кај лицето Мила Николиќ, со што може да се добие и информација за тоа кога билетите ќе бидат достапни на благајната на Театар Куманово.