Едно лице загина, а едно е потешко повредено во сообраќајната несреќа што околу 15 часот се случи на регионалниот пат Куманово-Пчиња во близина на месноста Краста.
Loading...
Според првичните информации, се работи за М.И (28) од с. Пчиња кој во моментот на несреќата, разминувајќи се со својот џип со друго возило, излетал од патот и се превртел.
Лицето поради сериозноста на повредите загинало на лице место, додека другото лице С.Н (20) од истото село е пренесеn на скопските клиники.
Истрагата е во тек.