Вселенската програма на Кина од неодамна вклучува мисија која треба да тргне за Марс во јули.
Така, една капсула ќе достигне до Црвената планета, како и роботски ровер што може да се контролира од далечина, и кој ќе биде задолжен за истражување на површината на планетата.
„Испливаа“ непознати детали за првиот човек на Месечината (ФОТО+ВИДЕО)
Мисијата на Марс е исто така планирана од САД , а летот е планиран за лето, па се очекува гужва на Марс.
Кога станува збор за Кина, ова е прва мисија која се фокусира на Црвената планета, а многумина го толкуваат овој потег како конкуренција со НАСА, која веќе испрати четири мисии на Марс, и четири ровери, додека петтата – „Perseverance“ – до планетата треба да пристигне во февруари 2021 година.
Мисијата на НАСА вклучува и собирање примероци што треба да бидат донесени на Земјата, што значи дека вклучува вселенско летало што ќе биде првото што ќе се симне од друга планета и што ќе се врати на почетната точка.
Астронаут на НАСА од вселената се врати со различни гени
Тука е и првиот марсовски дрон, кој ќе се користи за кратки летови, со цел да се истражи површината од воздухот.
Останува да се види како Кина ќе помине на Марс, а се очекуваат сериозни потези, бидејќи експертите од оваа земја веќе работат на своја вселенска станица, која би можела да биде во орбитата до 2022 година, и на вселенско летало што би требало да понесе екипаж до Месечината.